• vitaresbanner1.jpg
  • vitaresbanner2.jpg

Вита Рес е основана  2005 година. Главна дејност на фирмата во прво време е трговија и дистрибуција на овошни сокови. Со самото работење како дистрибутер се дојде на идеја за сопствено производство на овошни сокови, поточно на концентрат од јаболко, овошје кое во Преспанскиот регион го има во изобилие.

Преспанското јаболко е надалеку прочуено по својот квалитет и убавина, а за Преспа и Ресен значи живот и иднина. Од тука доаѓа и името на фирмата Вита Рес.

Вита Рес прераснува во индустриски објект за преработка на овошје и овошни сокови во 2009 година и започнува да инвестира во современа опрема  за произвоство на овошни концентрати, а започна со работа на 27.09.2010 г.

Производствениот процес се одвива автоматизирано и со најсовремена технологија. Во фабриката е инсталирана опрема од познати светски брендови: Bucher, Westfalia, Vello и Termohran.

Целиот производствен процес е следен од високо едуциран тим, кој се грижи за квалитетот на производот.

Во склоп на производствениот погон се наоѓа сопствена лабораторија со современа опрема за следење на квалитетот и безбедноста на производот.

Капацитетот на фабриката е преработка на 5 тона суровина на час во овошен концентрат со врвен квалитет.

ВИТА РЕС ги поседува и потребните стандарди HACCP и ИСО 9001:2008.

Во идните планови ни се зацртани и други производствени активности како што е: производство на овошна каша, џемови, овошни сокови и понатамошен раст на асортиманот на производи, а со тоа и проширување на продажбата како во нашата држава така и на странските пазари, а се разбира и зголемување на човечките ресурси за потребите на производствениот процес.

Новости

На ден Крстовден 27.10.2010 во Ресен беше отворена фабриката ВИТА РЕС чија дејност ќе биде преработка на овошје и зеленчук.

ПОВЕЌЕ

Галерија

kontaktivita

lokacija

Designed by Djordano