• vitaresbanner1.jpg
  • vitaresbanner2.jpg

Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.

Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.

Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на  индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет.

Новости

На ден Крстовден 27.10.2010 во Ресен беше отворена фабриката ВИТА РЕС чија дејност ќе биде преработка на овошје и зеленчук.

ПОВЕЌЕ

Галерија

kontaktivita

lokacija

Designed by Djordano